Интеркултурна воспитно-образовна платформа е градена и развиена како ризница на лесно достапни и широко применливи едукативни содржини и ресурси, со цел поддршка на воспитно-образовниот процес во одделенска настава и предметна настава.
Селектираните содржини се структурно поставени да ги следат воспитно-образовните цели предвидени за развојниот период од 6 до 10 години, односно од 11 до 15 години, како еден исклучително интензивен период, со повеќе развојни фази кога учениците интензивно развиваат и усовршуваат многу вештини, совладуваат многу когнитивни, моторни операции, прошируваат разновидни предзнаења, оформуваат систем на вредности и стекнуваат знаења од различни области.
Истите нудат мноштво на приоди, идеи, игри и активности со кои дополнително би можел да се збогати воспитно-образовниот процес, а како особена придобивка на овие ресурси е вградената интеркултурна димензија. Истата е суптилно внесена преку промоција на јазични, културни, родови, физички, социјални, етнички посебности присутни како во локален, така и во глобален контекст. На овој начин наставните содржини, би ја добиле истовремено и интеркултурната карактеристика, како еден од поголемите предизвици на современото образование.
Сите содржини се достапни на три наставни јазици, односно на македонски, албански и турски јазик.
Во подготвувањето на понудените содржини се вклучи поголема групна на докажани одделенски и предметни наставници, со успешни и добри практики, како и тимот за едукација при НДЦ Скопје, односно:
СОДРЖИНИ ОД 1. ДО 5. ОДДЕЛЕНИЕ:
Радица Ацевска, Сонај Билал, Оливера Ѓорѓиоска, Осман Емин, Ардијана Зибери, Мирсада Идризи, Анета Казиовска, Биљана Крстеска-Папиќ, Хана Мемеди, Габриела Мерџаноска, Нагихан Снопче и Мируше Џафери, Мартина Наумовска, Надица Нане.
СОДРЖИНИ ОД 6. ДО 9. ОДДЕЛЕНИЕ:
Сонај Билал, Спасе Блажевски, Милена Димитриеска, Осман Емин, Снежана Златковска, Арта Исмаили Абдулаи, Биљана Крстеска-Папиќ, Мимоза Мустафаи Јонузи, Синоличка Саботковска, Дарко Талески, Биљана Христовска Василевска, Анета Чаковска, Билјана Штерјовска, Валентина Штерјовска, Мартина Наумовска, Надица Нане.