Eduresurs - Упатство

Интеркултурна воспитно-образовна платформа

Недела, 28 Мај 2023

Регистрирање

Регистрацијата на платформата е отворена за сите учесници на воспитно-образовниот процес. За да се регистрирате како член, се што треба да направите е да го пополните формуларот за регистрација. При регистрацијата е потребно да внесете точни податоци со кои подоцна ќе можете да се најавите на платформата.

Активирање

Регистрираните нови членови ги одобрува Администратор. Процесот на одобрување може да потрае неколку минути. По одобрувањето на Вашето членство ќе добиете e-mail известување со потврда. Со ова процесот на регистрација е комплетен и можете да се најавите со Вашата e-mail адреса и лозинка.

Најавување

Доколку сте веќе регистирани на платформата, можете да се најавите со Вашата e-mail адреса и лозинка преку формуларот за најава. Доколку ја заборавите лозинката можете да побарате нова лозинка тука. За сите останати технички проблеми и прашања во врска со платформата можете да побарате техничка поддршка.

Приватност на податоци

Потребни податоци при регистрација на платформата се име и презиме и e-mail адреса.

Регистрираните членови можат да внесат и дополнителни информации во својот стручен профил како: професија, работно место, место на живеење, работна позиција и профилна фотографија.

Членовите на платформата имаат контрола над своите податоци со можност да прават измени.

Платформата користи "веб колачиња" (cookies) и алгоритми за аналитика за да овозможи подобри функционалности и корисничко искуство за членовите.

Платформата се грижи за личните податоци на членовите и ги користи исклучиво за потребите на системот. Личните податоци на корисниците остануваат приватни и никогаш нема да бидат споделени со трета страна.